Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
Држава која преговара со Европската унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Откако гласаше на своето избирачко место, Пендаровски изјави дека очекува мирен изборен ден.
- Денес очекувам мирен изборен ден, мирен прв изборен круг. Се разбира така очекувам да биде и на 8 мај кога ќе имаме парламентарни и втор круг претседателски избори. Тоа е исклучително битно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите на овие претседателски избори, туку е исклучително битно за целата држава зашто држава која преговара со Европската унија не смее да си дозволи лош изборен процес, истакна Пендаровски.
Според него, државава како независна повеќе од 30 години, има поминато многу изборни циклуси.
- Се надевам, како минатиот пат, така и сега дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал