Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
Резултатите не се такви какви што очекувавме, разликата ќе биде околу 130.000. Очекувавме помалку, но утре е нов ден, од утре повторно почнуваме со средби со граѓани кои ги пратикувавме и досега и почнуваме практичнo од нула, истакна вечерва кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на прес-конференција по завршување на првиот круг од гласањето на претседателските избори.
- Тргнуваме од нула, од почеток. Моја задача ќе биде, како и во изминативе 20 дена, да го промовирам концептот во кој длабоко верувам, а тоа е интегрирана држава, без поделби. Ги охрабрувам граѓаните кои не излегоа во првиот круг, да учестуваат во вториот круг, затоа што веруваат дека победникот ќе се решава во вториот круг. Очекувам уште поголем одѕив и уште поголем бројка да го препознаат концептот – демократска, просперитетна држава, рамноправна со сите нации, подвлече Пендаровски.
Нагласи дека нема да бара никаков договор со никаков пол субјект за т.н. механичко префлување на гласовите.
-Тоа е туѓ концепт на моето верување. Не постојат зборови „понудени“ и „префлени“ гласови на граѓани, зад секое име и презиме се крие посебна единка, никогаш во политиката граѓаните не сум ги подразбирал како аморфна маса на која ќе им се каже дали да ги префрлаат гласовите. Ќе одбијам било каков обид за нудење на гласови на граѓани, рече Пендаровски.
Едноставно, додаде тој, на сте граѓани ќе им го презентирам мојот концепт и ќе им го презентирам развојот на нашата држава каков ќе биде во иднина.
-Нема предавање, на средби со граѓани наидовме на одличен прием, очекувам да го поддржат мојот концепт од сите еднички заедници и социјални структури, додаде Пендаровски.
Според официјалните податоци на ДИК од преброени над 80 проценти од гласовите, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 282 075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137 450 гласови (19,42%).
Ново на Сител
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените