Пендаровски: Реалист сум за прашањето за името, се уште е рана фаза во преговорите

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски денеска изјави дека не е песимист, туку реалист во однос на прашањето за името, и оцени дека земјата се уште е во рана фаза од преговорите со Грција.
- Ако на 11 и 12 јули не добиеме покана за влез во НАТО, не гледам што е пологично, освен да продолжиме да преговараме. Не мислам дека треба да го архивираме тоа прашање бидејќи тоа е нашата стратешка позиција. Не гледам воопшто друга алтернатива која е подобра од оваа, и тој аспект апелирам дека нема Македонија да ја нема ако на 13 јули немаме договор, рече Пендаровски.
Истакна дека 50 отсто од исходот во преговорите зависи од македонската страна, а останатите 50 проценти од грчката страна, односно дали таа има волја да направи нормален договор, достоинствен за двете страни.
- Тука постои и трет фактор - меѓународната заедница, клучни играчи кои се во заднина, кои, исто така, имаат свои интереси дури и некои што не се формално вклучени во процесот, надвор од регонот, кои не се дел од атлантската заедница, кои на разни начини индиректно можат да го опструираат тој процес, рече Пендаровски и додаде дека немало поголема политичка волја за компромис во однос на името од оваа актуелна Влада откако сме независна држава.
Оцени дека се уште се работи за рана фаза од преговарачкиот процес.
- Постоеше иницијален сет на идеи од медијаторот Метју Нимиц, два месеци наназад, и во меѓувреме последнава втора рунда преговори, по празниците веројатно ќе следи трета рунда преговори, и според мене тоа е се уште малку како интензитет на средби и до овој момент позициите се се уште различни, рече Пендаровски.
Во врска со изјавите од одредени американски експерти дека ако нема исход во преговорите, може и на друг начин да бидеме примени во НАТО под привремената референца, рече дека тоа се предвидувања, односно вин-вин сценарија на експерти кои не се вклучени внатре во процесот.
Во врска со изјавата на рускиот амбасадор Олег Шчербак дека во можно сценарио на напад на НАТО врз Русија, Македонија како членка би била потенцијална мета на руски напад, Пендаровски рече дека Македонија не е закана за Русија.
- Претпоставувам дека неговата изјава тргнува од нивната најнова воена доктрина односно дека се што е НАТО за нив е легитимна цел, и особено ако на територијата на Македонија утре како членка на НАТО се инсталираат воени бази кои би можеле да бидат дополнителна закана за нив. Мојата политичка квалификација би била дека станува збор за несреќна изјава. Руската Федерација нема ниту една причина да се плаши од Македонија - денес кога не е членка на НАТО и утре кога ке стане, оцени Пендаровски.
Ризван Сулејмани од Универзитет „Мајка Тереза“ - Скопје, истакна дека најдобрата алтернатива во моментот за Македонија е членство во НАТО и ЕУ.
- Сите други алтернативи - неутралност, односно како што го нарекувам изолација и гетоизација не е алтернатива реална на она што е европска интеграција, ниту пак тенденцијата да бараме алтернативи од т.н. хегемонистички центри кои претендираат да имаат влијание во регионот, затоа што живееме во еден свет каде што меѓународниот поредок на големо се урива, и преопасно е да се навлегува во такви игри каде што правилата на игра ги одредува посилниот, рече Сулејмани.
На Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум денеска се одржа научна тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“.
Ново на Сител
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
-

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
-

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
-

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари
