Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво
Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска ги прими Иван Џепароски, Љупчо Митковски и Љубомир Гајдов, претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, соговорниците го запознале Пендаровски со нивните проблеми и предизвици, со иницијативите и актуелните проекти за нивното надминување, како и со визијата и стратегијата за реформа, афирмација и промоција на филозофското образование.
На средбата била нагласено дека филозофијата ги учи младите да размислуваат методски и ги воведува во моралните и естетските вредности.
Претседателот Пендаровски ја нагласил потребата од натамошно негување на креативното изразување, како и неопходноста од поттикнувањето на критичката и филозофската мисла, како значајна придобивка и еден од основните предуслови за развивање на демократските капацитети на секое општество.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа