Пендаровски: Прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните
Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската унија?“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Слободен печат“.
Партијата Левица денеска до архивата во Собранието го достави барањето за спроведување задолжителен референдум на државно ниво, на кој, доколку се одржи, граѓаните би одговарале на прашањето „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“. Пендаровски во интервју за „Слободен печат “ за иницијативата оценува дека тоа е збунувачко и нејасно.
– Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина, вели Пендаровски.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски