Пендаровски оствари средба со претставниците на НАкС
Во текот на вчерашниот ден, Независниот академски синдикат (НАкС) оствари средба со претседателот на државата, г-н Стево Пендаровски. НАкС го претставуваа Маја Стевановиќ, Мирјана Најчевска, Бранимир Јовановиќ, Виктор Стефов и Елена Џукеска.
На средбата се разговараше за финансиските проблеми со кои се соочуваат универзитетите, како и за најавеното покачување на платите од 10%, за кое Собранието на РМ сè уште нема донесено одлука. Претставниците на НАкС ја поздравија иницијативата за покачување на платите на вработените на јавните универзитети, но посочија дека, поради тоа што товарот за додатоците за стаж паѓа на универзитетите, ваквите ад-хок покачувања можат дополнително да го загрозат финансиското работење на единиците на универзитетите, при што вработените повторно нема да можат да се стекнат со ова покачување. Покрај тоа, претставниците на синдикатот го пренесоа ставот на НАкС за основањето нови синдикати на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ од страна на ректорите, што претставува недозволиво мешање во синдикалното здружување.
На средбата, претставниците на НАкС ги презентираа наодите од анализите за финансиската отчетност и транспарентност во високото образование и науката, како и содржината на колективниот договор за високо образование што го предлага НАкС. Притоа, од страна на претставниците на НАкС беше потенцирано дека е нужно во најкраток рок да се потпише сеопфатен гранков колективен договор, во кој на системски начин би се уредиле правата на вработените. Сметаме дека колективниот договор кој НАкС го предлага, покрај тоа што ќе ги подобри правата на вработените, би влијаел кон намалување на системската корупција во високото образование, и би обезбедил поквалитетна наставна и истражувачка дејност.
Претседателот Пендаровски изрази разбирање за проблемите со кои се соочува високото образование и ја потенцираше потребата да се преземат конкретни чекори за решавање на наталожените проблеми во високото образование.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата