Пендаровски незадоволен од брзината на движењето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека не е задоволен од брзината со која се движат земјите од Западен Балкан кон европското семејство, нагласувајќи дека Европа мора да биде поодлучна по тоа прашање.
Тој во интервју за Радио телевизија Црна Гора истакна дека Северна Македонија е сто процентно согласна со Црна Гора кога станува збор околу визијата за регионот, посебно во делот на европската и евроатлантската иднина.
Иако европската перспектива е единствена алтерантива, одржлива и продуктивна за целиот регион, Пендаровски го загрижува тоа што таа е замаглена во последно време, а патот кон европското семејство е бавен и неизвесен.
– Се надевам дека тоа ќе оди побрзо. Каква е тоа порака за нас, кои се уште не сме почнале со преговарање. Ако вие преговарате седум години и се уште нема светло на крајот од тунелот, тогаш што да им кажам на моите граѓани во Северна Македонија, колку ќе трае ова, 15-20 години?, наведува претседателот Пендаровски во интервјуто.
Иако се очекуваше дека Северна Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ минатиот месец на состанокот на врвот во Луксембург, одлуката е одложена, бидејќи имало поделеност во Унијата околу тоа прашање.
– Многу ми значи помошта која Црна Гора, сега како полноправна членка на НАТО, несебично и ја дава на Северна Македонија, која ќе стане 30-та членка на Алијансата најверојатно на почетокот на следната година, изјави Пендаровски во интервјуто за РТЦГ.
Ново на Сител
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател
-
Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид
-
Дефанзивец на Тотенхем во трансфер плановите на Реал Мадрид
-
Анчелоти: Се што е убаво има крај
-
Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици