Македонија
12. August 2019 - 16:37

Пендаровски: Наместо брза и темелна истрага за „Рекет“, надлежните заминаа на годишен одмор

Наместо обвинителите и судиите да заминат на одмор требаше брзо да го расчистат случајот „Рекет“ обвинува претседателот Стево Пендаровски по објавените видео и аудио снимките. Тој вели дека е разочаран од пристапот што досега го имале правосудните органи имајќи предвид дека се работи за криминална афера што ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува во прашање довербата на граѓаните во политичарите и во сопствената држава. Пендаровски во 4 точки ги објави своите пораки како шеф на државата.

- Барам од надлежните институции: 1. Ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата почитувајќи го начелото на презумција на невиност, 2. Доколку има докази да се поднесат обвиненија против сите инволвирани без разлика дали се носители на јавни функции или не.... Одговорност и казни мора да следат за сите чија вина ќе се докаже, без разлика дали станува збор за обвинители, членови на политички партии, бизнисмени, политичари. Никој не смее да биде над законите во оваа земја, ничија партиска или политичка припадност не смее да биде посилна од правдата. Оние кои тоа не го знаат или не го почитуваат треба да им го отстапат своето место на оние кои тоа го знаат и го почитуваат.

Претседателот бара и политичка одговорност.

Освен кривично-правната одговорност, доколку има друга, било каква поврзаност со случајот, во смисла на давање на заштита на лицата под истрага, инсистирам и на политичка одговорност на политичарите, независно дали се од власта или од опозицијата. Во овој контекст е најдобро, сите оние чии имиња се споменати, независно дали со основ или намерно, само со цел да бидат дискредитирани, самоиницијативно да дадат изјави пред надлежниот обвинител со цел да покажат дека пред законот и пред јавноста сме сите исти.

Шефот на државата ветува дека ќе ги заштити институциите од притсоци поради овој случај, но и ќе внимава на заштита на национална безбедност.  Сепак, вели, дека засега нема причина да го свика националниот совет за безбедност.

За своите размилувања околу Рекет се уште не разговарал со премиерот Заев или со некој од министрите. Со прво осомничениот Боки 13 се видел само во два наврати: за време на кампот пред Владата во 2015 и во април годинава кога бил гостин во 1 тв, но средбите биле кратки. За тоа дали е разочаран од специјалната обвинителка Катица Јанева која се слуша на снимките, Пендаровски вели:

Сепак, додава дека одговорноста е индивидуална, а СЈО треба да продолжи да работи во рамките на редовното обвинителство.

Пендаровски не сакаше да коментира дали овој скандал би можел да предизвика промена на власта и дека е одлука на 61 пратеник во која не сака да се меша, но смета дека предвремени избори сега не се потребни.

Брзата истрага, според Пендаровски, ќе биде во полза и на евроинтеграциите.

Шефот на државата уверува дека засега нема промена на позитивното расположение во државите членки на ЕУ за датум за преговори во октомври.