Македонија
26. јуни 2021 - 16:15

Пендаровски на Парадата на гордоста: Почит кон различностите, секој има право на избор

Претседателот Стево Пендаровски денеска со својата сопруга беше дел од Парадата на гордоста.

-Почит кон различностите. Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој има право на избор, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.