Пендаровски – Мета: Позитивен развој на севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Албанија
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Албанија Илир Мета, кој е во посета на земјава, и на средбата разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.
-Притоа беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Северна Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
![]()
Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели, како што се наведува во соопштението, ја констатираа потребата од деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Унијата што, според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот.
Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот 2022-2023 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
