Македонија
15. November 2019 - 8:42

Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Летонија, Луксембург и на Ирска

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Летонија, Луксембург и на Ирска во нашата држава.

Акредитивните писма на претседателот Пендаровски ќе му ги предаде Гунта Пасторе, новоименувана летонска амбасадорка во Република Северна Македонија, со седиште во Прага, како и Филип Донкел, новоименуван луксембуршки амбасадор во земјава, со седиште во Луксембург.

Претседателот Пендаровски ќе ги прими и акредитивните писма од страна на Пол Мекгери, новоименуван ирски амбасадор во Северна Македонија, со седиште во Букурешт.