-->
-->
Пендаровски: Како одговорни политичари на младите мора да им обезбедиме можности да успеат во својата матична земја
-->
Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска во Нови Сад се обрати на 4. Регионален младински форум – Претседателски панел.
Осврнувајќи се на актуелната состојба на регионот, претседателот Пендаровски рече дека нашите општества може да напредуваат, доколку повеќе ги користиме домашните ресурси и потенцијал, соопшти претседателскиот Кабинет.
Тој додаде дека регионот значително е зависен од меѓународна помош и тоа главно од помошта од Европската Унија и од НАТО.
Посочувајќи дека и во следната деценија регионот на Западен Балкан ќе биде зависен од тоа што ќе го понуди Европската Унија, претседателот Пендаровски повтори дека одлуката да не и се даде датум за преговори на Македонија беше непријатна не само за Македонија и за Албанија, туку и за целиот регион. Во исчекување на прецизно дефинирана нова методологија што ја предложи Франција и евентуален старт на преговорите со Европската Унија, како што додаде Пендаровски, Македонија, но и сите земји од регионот кои чекаат датум за преговори или преговараат долго време, треба да ја зајакнат регионалната соработка.
– Ако ги имплементираме вредностите на Европската Унија во нашите земји, ќе можеме да ги задржиме младите во земјата. Младите можат да одат каде сакаат и тоа не може никој да им го забрани. Но, ние како одговорни политичари мора да им понудиме можност тука, дома да ја имаат првата шанса за да успеат. Само ако им го понудиме тоа, можеме да се надеваме дека ќе останат во своите матични земји, заклучи претседателот Пендаровски на претседателскиот панел на 4. Регионален младински форум, што се одржува во Нови Сад, Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат