Пендаровски: Имаме доволно енергенти за четири месечно функционирање на државата
Стоковите резерви во државата во делот на енергенти и во делот на продукти се на нивото кое е неопходно според меѓународните стандарди, оцени вечерва претседателот Стево Пендаровски.
-Имаме доволно енергенти во овој момент за најмалку четири месеци за нормално функционирање на државата. Оценката што ја изнесов е врз основа на писмена документација и документ кој го имам од Бирото за стокови резерви. Тие стоеја зад тоа дека ние имаме во овој момент сосема доволно залихи во тој дел, рече Пендаровски во одговор на прашање по денешната седница на Советот за безбедност.
Тој посочи дека бројките во Бирото за стокови резерви се менуваат на дневна основа.
-Јас не ги имам сите бројки во овој момент бидејќи тоа е дневна периодика. Меѓутоа, јас би упатил на Владата каде што постојат не само директор за управување со стокови резерви, туку и во Владата тоа го имаат на дневна основа. Пред секоја седница на Влада во изминативе две-три недели откога почна целата работа, овој проблем со епидемијата, тие имаат како еден вид на предточка да реферираат каква е состојбата со стоковите резерви, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп
-
Излетало возило од патот Охрид – село Подмољје
-
На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна
-
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
-
Украина: Русија загуби над 900.000 војници од почетокот на инвазијата
-
Иран: Преговорите со САД се можни само ако некои работи се променат
-
Уапсени 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост
-
Контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени - два во Тетово, еден во Гостивар