Пендаровски и Заев им ја честитаа победата на ракометарите и пласманот во главната фаза
Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев упатија честитки до македонските ракометари кои со победата над Чиле обезбедија пласман во главната фаза на Европското првенство во ракомет што се одржува во Египет.
– Ги бодревме нашите ракометари и на денешниот дуел против Чиле. Одиграа храбро, респектирајќи го противникот. Честитки момци за одличната игра, одиме во втора рунда, навиваме за вас, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил.
И премиерот Заев, честитајќи им ја победата, им посака понатамошни успеси.
– Ова е победа освоена со професионалност и истрајност. Честитки момци, ви посакуваме и понатаму да редите успеси и да нѐ правите уште погорди, напиша Заев на Фејсбук.
Попладнево, машката ракометна репрезентација ја победи репрезентацијата на Чиле со 32:29.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата