Македонија
22. April 2019 - 16:36

Пендаровски и Силјановска-Давкова убедени во победа во вториот круг

И владејачкиот табор кој го поддржува Стево Пендаровски и опозцискиот табор на ВМРО-ДПМНЕ кој ја поддржува Гордана Силјановска Давкова очекуваат конечна победа на нивните кандидати на 5 мај. Кандидатите во вториот круг влегуваат со речиси изедначен број на гласови, а двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски  се свесни дека за конечна победа ќе им се потребни гласовите на оние кои не излегоа на гласање во првиот круг, но и албанските гласови особено, оние 80.000 кои ги освои Блерим Река кој отпадна од претседателската трка.

Мицкоски пак, тврди дека победата е веќе освоена. Повикува тоа да биде потврдено со масовна излезност на 5 мај.

Река, пак, тврди дека нема намера да влегува во трговија со неговите гласови.

По овие резултатите лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села пак, јасно застана зад барањето за предвремени избори.

И власта и опозцијата не стравуваат дека уставниот цензус од 40 отсто во вториот изборен круг ќе биде исполнет.