Бизнис
18. May 2021 - 21:27

Пендаровски и Радев заедно во Рим

Дали заедничката посета на претседателитe Пендаровски и Радев на Рим може да значи нова надеж во придвижување на македонско – бугарскиот спорт? Аналитичарите велат дека заедничкото патување може, но и не мора да го помести спорот во позитивна насока.

И известувачот за Макеоднија во ЕК, Илхан Ќучук во разговор за Сител вели дека иако во момeнтов во Софија има техничка Влада, преговорите треба да продолжат на сите инстанци.

Минатата недела двајца поранешни технички премиери на Бугарија во изјави за Сител рекоа дека претседателитe на двете земји во моментов треба да ја преземат иницијативата, посебно што бугарскиот претседател Радев во моментов ја има клучната улога на политичката сцена во Софија.