Пендаровски и Ѓурчиновски во посета на јужната граница

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски придружуван од началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ќе ги посетат припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница.
Претседателот Пендаровски ќе го обиколи транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде од одговорните субјекти ќе се запознае со моменталната состојба во овој центар и со ангажманот на меѓународната мисија „Фронтекс“.
Во сместувачкиот капацитет на припадниците на Армијата, во здружениот оперативен центар, на врховниот командант ќе му биде презентирана моменталната безбедносна состојба на јужната граница, тактичките мерки и процедури кои ги спроведуваат армиските единици согласно доделените задачи во спречување на нелегални минувања на јужната граница, а посетата ќе заврши со заеднички ручек со припадниците на Армијата.
Ново на Сител
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
