Пендаровски ги прими акредитивни писма на новите амбасадори на БиХ и Малезија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Босна и Херцеговина и на Малезија во Република Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, истакнувајќи дека БиХ и Македонија се две пријателски земји кои ги поврзува заедничка визија за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет, Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на БиХ Драган Јаќимовиќ, нагласи дека евроатлантските перспективи на двете земји се во насока на градење на силен и стабилен регион.
Амбасадорот Јаќимовиќ изразил задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји кои се карактеризираат без отворени прашања што претставува основа за натамошно зацврстување на соработката во многу области од заеднички интерес, меѓу кои, се издвојуваат економската соработка, проширувањето на правната рамка преку потпишување на нови билатерални договори, како и унапредувањето на досегашната солидна меѓусебна поддршка.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Малезија во Република Македонија, Чеонг Лун Лаи, претседателот Пендаровски ги истакнал заедничките заложби на двете земји за негување на успешни и пријателски односи, како и за интензивирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Во таа насока, шефот на државата го изразил интересот за унапредување и фокусирање на развојот на соработката во областа на економијата, јакнење на трговската размена и зголемување на интересот кај малезиските компании и инвеститори за поголемо и директно присуство во нашата држава.
Амбасадорот Лаи нагласи дека Малезија и Македонија се пријателски земји со позитивен и постојан напредок на економските сектори придавајќи големо значење за понатамошно збогатување на севкупните билатерални односи oсобено во областа на прехранбената индустрија, туризмот и културната размена со цел поголем економски просперитет за народите на двете земји, соопшти Кабинетот на претседателот.
Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посакал успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
