Пендаровски до Дендиас: Посветени сме на развој на партнерство со Грција
Македонија е силно посветена на развој на партнерството со Грција, базирано на пријателство и заедничкиот интерес на граѓаните на двете држави за просперитетен регион. Во тој контекст, Преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи и соработка, истакна претседателот Стево Пендаровски, на денешната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, кој престојува во посета на земјава.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Грција, за европските и евроатлантските перспективи на Македонија, како и за состојбите во регионот.
Претседателот Пендаровски, се посочува, се заблагодари за силната поддршка од Грција за почеток на претпристапните преговори на Македонија со Европската унија за време, и по последниот Европски Совет.
Во очекување на новата методологија за водење на пристапните преговори, Македонија е фокусирана кон интензивирање на реформскиот процес, со цел што поскоро отворање на пристапните преговори за членство со ЕУ, истакна претседателот Пендаровски, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.