Пендаровски: Денот на победата над фашизмот нè потсетува дека сме биле и остануваме на вистинската страна на историјата
Денес гледаме дека победата на слободата, човековите права, демократијата и еднаквоста е загрозена во моментот кога поверувавме дека е целосно извојувана. Токму денес, во екот на новите крвопролевања, треба повеќе од кога било да се потсетиме на поуките од минатото, а 9 мај е еден од оние датуми – темелници на вистинските цивилизациски вредности, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски во пораката по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Додава дека Денот на победата над фашизмот е оддавање почит на милионите животи згаснати во борбата против окупаторот, ден кога, како што напиша во пораката – „со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата“.
– Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа. Победата над фашизмот е и победа за Европа, напиша шефот на државата во пораката.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево
-
Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата