Пендаровски: Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, јавува српската телевизија Н1.
Пендаровски истакна дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.
- Малиот шенген е една иницјатива, но тој нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме потполно зависни од Европската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум за млади лидери.
Претседателот Пендаровски рече дека процесот на проширување на ЕУ ќе потрае, затоа „Имаме информации дека во државите членки ќе има многу проблеми“ поради новата методологија која што ја предложи Франција.
- Ако се обидеме на Балканот да направиме мала ЕУ, тогаш имаме шанси да ги задржиме младите луѓе овде и да го трансформираме нашето друштво, но вистински, а не бирократски, рече Пендаровски.
На регионалниот форум за млади лидери во Нови Сад учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор.
Инаку, Пендаровски престојуваше во дводневна посета на Србија, каде што оствари и повеќе средби со високи српски претставници.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
