Свет
3. August 2022 - 16:39

Пелоси си замина од Тајван, Кина ги испрати борбените бродови и најави воена вежба

Воени вежби околу Тајван и санкции кон тајвански компании. Кина почна со одмзада поради посетата на високиот американски фунцкионер  Ненси Пелоси на Тајван. За Кина посетата е сериозно нарушување на нејзниот суверенитет, бидејки Тајван го смета за нејзнина територија.

- Тајванската Цаи Инг-вен и оние од нејзиниот камп се обидуваат да се потпрат на моќта на САД, бараат „независност на Тајван“, што е против севкупниот национален интерес на Кина. Ваквите ретрогресивни потези нема да го променат меѓународниот консензус дека постои само една Кина во светот, ниту пак можат да го променат историскиот тренд на повторно обединување на копното и Тајван. Оние кои си играат со оган нема да имаат добар крај, а оние кои ја навредуваат Кина мора да бидат казнети, рече кинескиот минситер за надворешни работи. Ванг.

Маневрите  ќе почнат утре а , ќе  вклучуваат и употреба на боева муниција како и носачи на авиони. Според  најавите од Пекинг ,дел  од вежбите  ќе се одржат и во територијалните води  на Тајван. 

-Најавата на комунистичка Кина да спроведе воени вежби од 4 август до 7 август пладне, конкретно во шест области на југозапад, исток и југоисток од Тајван, за суштински да го затвори воздушниот простор на Тајван, ја покрива нашата национална територија и води, сериозно го оштетува суверенитетот на нашата земја и е спротивно на правилата на Обединетите нации. Остро го осудуваме ова реагира кинеското министерство за одбрана.

Ако Кина премести бродови во  територијалните води на Тајван, , тоа би претставувало  инвазија на територијата на Тајван велат аналитичариите , потенцирајки дека ова  може да ги принуди тајванските власти да ги бранат сопствените територијални води.  Соединетите  држави ја предупредија Кина да не ја користат посетата на Пелоси како изговор за воена акција против Тајван , ЕУ повика тензиите околу Тајван да се решваат преку дијалог , додека во  посетата на Пелоси   Русија гледа  намерен обид на САД  да ја иритира Кина.  Поморската област каде Кина најави воени вежби  исто така ја вклучува и екслузивната економсска зона на Јапонија.

Мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец се важни не само за безбедноста на нашата земја, туку и за меѓународната стабилност. Ставот на Јапонија отсекогаш бил дека прашањата поврзани со Тајван мора да се решаваат по мирен пат, преку дијалог“, реагира Јапонската влада.  

Претседателката на  Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси се задржа  на Тајван не цели 24 часа. Го напушти  Тајван откако  на островот му ја вети американската солидарност и ја пофали неговата демократија, но оставајќи го зад себе гневот на властите во Пекинг.

Вашингтон нема официјални дипломатски врски со Тајван, но американскиот закон го обврзува да му обезбеди на островот средства за самоодбрана.