Пелегрини: Реал е политички клуб

Водењето на Реал Мадрид е еден од најтешките предизвици во светскиот фудбал бидејќи тоа е клуб во кој е вклучена висока политика.
Пелегрини беше на чело на кралскиот клуб во сезоната 2009/10 кога остана без трофеј во домашното првенство каде триумфираше Барселона.
Пелегрини сега се враќа на С.Бернабе но како менаџер на Сити во рамките на реваншот од полуфиналето од ЛШ. Првиот меч на Етихад заврши без голови.
„Тоа не е неможна мисија, чест е да се биде тренер во Мадрид, но морате да знаете кога доаѓате во Реал дека и политиката има голема улога. Таму има група на луѓе која ќе ви пречи и нема фудбалско знаење. Ако го дозволите тоа значи дека не сте подготвени за тој предизвик. Имав среќа што го минав еден од најтешките тестови и тоа ни малку не ме промени, имам одлични спомени од Реал“- изјави Чилеанецот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
