Свет
24. May 2018 - 21:52

Пеколот е се поблиску и поблиску: Вака мештаните на Хаваи гледаа како лавата им ги голта домовите и имотите

„Живеам горе и веќе се евакуирав. Само дојдов да се поздравам од соседите за последен пат“, рече Лори Круз чиј дом на Хаваите е уништен од забеснетиот вулкан.

„Кога ги знаете сите во улицата и со нив сте како семејство, и ова е уништувачко за вас. Не знаев што да очекувам но се надевав дека нашата куќа нема да биде уништена. Веројатно Господ имаше други планови“, рече ќерката на Лори, Алиса.

На снимките може да се види како мештаните гледаат како лавата полека се ближи кон нивните куќи, а поединци ја искористија можноста да ја сликаат глетката.

Активните пукнати од кои излегува лава може да се видат секаде покрај патот, како уништуваат и палат дрвја и имот на луѓето. Од шумите кои горат се гледа како бегаат животни пред незапирливата сила на природата.

Вулканот Килауеа на Хаваи со недели не мирува и сега лавата се движи кон геоптермалната електрана Пуна, што се гледа и на апокалиптичните снимки од воздух. Локалните власти прогласија црвена тревога, и прават се што е во нивна моќ да ја спречат лавата да влезе во електраната.

Вулканот е активиран веќе со недели, засега без човечки жртви. Минатата недела експлозивна ерупција на вулканот изфрли пепел 9.1440 метри високо во воздух.

Освен тоа, научниците на Хаваи снимија ретка снимка на сим пламен од метан кој избива од кратерот на Килауеа додека се гледа како лавата избива во позадина. Предупредија дека метанот може да предизвика експлозии кога ќе се запали додека е заробен под земја, како и дека пламентие може да се пробијат и до неколку метри.