Пеколно тополо - Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од западен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 32 до 39 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје слично време, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 39 степени.
Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено повеќе во северните делови на земјава. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
За време на викендот ќе преовладува претежно облачно, ветровито и доста свежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
