Пеколните температури се враќаат од викендов

Пораст на дневните температури, кои викендов ќе достигнат до 37 степени и сончево и топло време, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
В петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските темератури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.
Најтопло ќе биде за викендот, со утрински температури од 12 до 21 степем, а дневните од 28 до 37 степени. Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
