Пејчиновиќ Буриќ: Хрватска ќе се штити со сите расположливи средства
Хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави дека граничната линија меѓу Хрватска и Словенија е утврдена во 1991 година, истакнувајќи дека секоја промена со насилни средства би претставувала кршење на меѓународното право.
Таа посочи дека на тоа Хрватска би одговорила со сите расположливи средства со цел да се заштити.
- Граничната линија е онаа линија што е утврдена во 1991 година и според тоа на терен ништо се нема случено. Неспорно станува збор за хрватска територија и никакви словенечки закони не можат да се имплементираат на територијата на Хрватска, нагласи Буриќ при гостувањето во емисијата „РТЛ денес“.
Хрватската министерка констатираше дека тоа би значело „промена или обид за промена со насилни средства на терен, а тоа според меѓународното право секако не е дозволено“.
Таа потенцираше дека Хрватска се уште смета дека арбитражната одлука за границата со Словенија не може да биде спроведена еднострано и одново ја повика Љубљана „да се врати на дијалогот“.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект