Македонија
18. July 2015 - 16:18
Пејачот на Прљаво казалиште падна од бината на Пивофест во Прилеп - за среќа мина без последици
Во неверојатна еуфорична атмосфера, со многу забава, пиво и скара, а особено со голема посетеност и максимална позитивна енергија, градот под Марковите Кули влегува во својот трет ден од големото случување наречено “Пивофест 2015”.
На еуфоријата не останаа имуни ниту големите музички ѕвезди од калибарот на Даворин Боговиќ, фронтменот на популарната група “Прљаво казалиште”, кој предаден на неверојатниот момент на исполнетост, за време на настапот имаше мал инцидент на сцената, кој за среќа заврши без последици.
“Пивофест 2015” е посебен и по големиот број кампери кои, годинава престојуваат во специјалниот камп во Паркот на Револуцијата.
Кулминацијата на “Пивофест 2015” се очекува викендов кога настапуваат: Наум Петрески, Неда Украден, Оливер Драгојевиќ, Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
