Пејачот на Гранд ја претепа вереницата

Слободан Васиќ, пејачот на Гранд продукција, се најде среде скандал откако во српските медиуми се појави веста дека ја претепал крвнички својата вереница Валентина.
Скандалот се случил минатиот четврток во еден клуб кога пејачот се разбеснил, од засега непозната причина, ја повлекол грубо за коса, а потоа почнал да ја удира по цело тело. Таа за да се одбрани, во паниката успеала да земе шише од маса и му го скршила од глава.
- Валентина и Слободан раскинаа два дена по настанот, секако сега му е поранешна вереница. Бидејќи дозна дека насекаде должи пари, се изнервира, си ги спакува куферите и замина со другарките. Откако тој дозна тргна по неа и го направи тоа што го направи, вели извор.
Пејачот не е достапен за коментар, а неговата веќе поранешна вереница вели дека не сака да зборува на темата. - Јас сум вспитана девојка, но знам што можам да претрпам, а што не, бил единствениот коментар.
Ново на Сител
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
