Пејачки и танчерки биле на печалба по ноќните клубови: Во тетовско лани откриени 211 странски државјани
Вкупно 211 странски државјани кои непријавено претстојувале или работеле во Тетовско-гостиварското подрачје биле откриени во 24 акциски контроли што во текот на 2016 година биле спроведени од страна на полицијата.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска изјави дека освен нерегулираниот престој, кај овие странски државјани била утврдена и можност за нивна вклученост во трговија со луѓе и други криминални активности.
Тој посочи дека бројот на полициските акции е трипати зголемен во однос на 2015 година и оти во овие активности полицијата работи на два вида злоупотребен претстој - првиот главно се однесува на странски државјанки ангажирани во угостителски објекти како пејачки, танчарки и слично и вториот на т.н. „економски емигранти“ односно надничари.
- Во овие контроли биле откриени 68 странски државјанки кои најчесто го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта во повеќе угостителски објекти. Најмногу од нив, 36 биле од Република Албанија, 16 од Србија, по шест од Бугарија и Косово, две од Босна и Херцеговиа и по една од Црна Гора и Словенија. Минатата година биле откриени и 143 економски емигранти од кои најбројни се од соседна Албанија -127, потоа од Косово 13 и по еден од Србија, Хрватска и Турција. И тие најчесто не го пријавиле нивниот престој на подрачјето, некои не поседувале никакви документи, некои илегално влегле во земјава и потоа работеле градежни и полски работи по селата за дневници пониски од оние на домашната берза на трудот, информира Јосифовски.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер