Пејачката умре во најголеми маки: На Јелена од ќотекот и пукнала слезината и ушното тапанче

Јелена Марјановиќ (33), пејачката од Гранд за чие убиство е осомничен сопругот Зоран Марјановиќ (39), брутално е претепана со девет удари во глава.
Супервештачењето утврди дека Јелена Марјановиќ преживеала тортура и дека умрела во најголеми маки.
Според извор од истрагата, дополнителното вештачење на патологот откри дека пејачката се здобила со повеќе удари по целото тело од кои и била пукната слезината и ушното тапанче.
-Врз основа на новите сознанија се претпоставува дека Јелена Марјановиќ била жртва на полуден напаѓач кој ја удирал со тупаници по телото, главата, а најмногу по стомакот. Од силната на ударите, несреќната жена се здобила со бројни повреди на внатрешните органи кои довеле до внатрешно крварење, зборува соговорник за српски „Телеграф“.
Како што додава, Марјановиќ жилаво се борела за да се извлече од рацете на насилникот, за што сведочат и бројните одбрамбени повреди по нејзиното тело.
-На напаѓачот тоа не му било доволно, па грабнал тап предмет и и ја смачкал главата. Утврдено е дека ја удирал во тилот, а на черепот имала повеќе тешкир ани, додека лицето и останало неповредено, вели изворот.
Според неговите зборови, постои сомневање дека семејната куќа на Марјановиќ по злосторството е исчистена со варикина и други абразивни средства, што е потврдено и со дополнителни вештачења.
-Прстите на настраданата Јелена исто така се полиени со варикина за да се уништат сите докази кои напаѓачот може да го доведат во врска со злосторството. Освен тоа траги од абразивни средства се откриени и во дневната соба од куќата во која пејачката живеела со свекорот Владимир, свекрвата Зорица, деверот Милош, сопругот Зоран и ќеркичката Јана. Сите нови траги и докази во истрагата ги поткрепуваат сомнежите дека Јелена е усмртена во домот на Марјановиќ, по што нејзиното тело е фрлено во каналот, вели извор од истрагата.
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
