Пејачката Јелена Марјановиќ ја убил сопругот
Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ, денеска е прогласен за виновен за нејзината смрт.
Како што пишуваат медиумите во Белград, тој е осуден на 40 години затвор, а веднаш му е одреден притвор.
„Обвинителството докажа дека обвинетиот Зоран Марјановиќ во моментот на извршување на делото постапил во разумна состојба и дека делото го сторил со директна умисла, бидејќи бил свесен што прави кога на оштетената и задал осум рани по главата, со осум удари со метален предмет, што во моментот на нанесувањето во целост претставувало безусловна смртоносна повреда, што и сакал“, се вели во соопштението од обвинителството.
На почетокот на судењето во ноември 2019 година, Марјановиќ детално ја презентираше својата одбрана, негирајќи дека ја убил сопругата, но одби да одговори на прашањата на обвинителството.
Обвинителството го обвини дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата Јелена на насипот во Борча, додека нивната малолетна ќерка, која тоа попладне дошла со нив на насипот Црвенка, била во непосредна близина на местото на злосторството. Тој од 12 јуни 2018 година се бранеше од слобода, откако Апелациониот суд му го укина притворот во кој беше задржан 10 месеци. Тој беше уапсен на 15 септември 2017 година, година и пол по убиството.
И пред тоа беше приведен, но откако беше сослушан во полиција и на полиграф, поради недостиг на докази беше пуштен на слобода.
Ново на Сител
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
-
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-
Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово