Џет-Сет
17. October 2016 - 16:41

Пејачката итно пренесена во болница

Пејачката Емина Јаховиќ поради лошата здравствена состојба денес итно била пренесена во болница, каде по брзата реакција на докторите веднаш била стабилизирана и приклучена на инфузија.

Штом дошла при себе, Емина објавила фотографија од болницата, во текот на примањето на инфузијата.

-Не може да се постигне се, некогаш мора да се каже стоп, напишала пејачката под фотографијата, а фановите веднаш и посакале брзо опоравување.

За среќа, Емина поминала без последици, иако после тоа не се огласува, се претпоставува дека ја совладал заморот, и дека брзо ќе се врати на обврските.