Пехчевската библиотека со многу промоции на роднокрајни автори
Библиотеката „Мирче Ацев“ во Пехчево се подготвува за нова промоција на книга од роднокраен автор. Станува збор за романот „Антологија на болката“ од роднокрајната авторка Драгица Лазаровска, со која библиотеката испишува нова страница од речиси едновековата традиција на библиотекарската дејност во Пехчево.
Во библиотеката има само две вработени кои годишно организираат 10-ина промоции, литературни читања и други културни настани. Со право библиотеката е центарот за културните збиднувања во ова мало малешевско градче.
Библиотекарката Габриела Костадиновска изјави дека редовно во библиотеката „на кафе муабет“, секојдневно се собираат роднокрајните автори и љубителите на пишаниот збор.
- Библиотеката е најмала и по број на вработени и по квадратура, но е културна установа која претставува пријатно катче за читање за дружење и релаксација. Библиотеката е најстара во земјава и е отворена во 1924 година како Читалиште, а во судот во Штип потоа е пререгистрирана во 1966 година, рече Костадиновска.
Посочи дека даваат поддршка на роднокајните автори и им организираат промоции каде се собираат сите љубители на пишаниот збор во Пехчево.
- Најчесто ги организираме промоциите во самата библиотека, иако е мала, сепак, се создава една топла атмосфера која многу придонесува за да стигнеме до целта на самата промоција и да ја доближиме книгата до читателите. Со овие наши активности се издигнува културата на едно повисоко ниво. Луѓето од нашето место бараат некоја ваква разонода кога ќе дојдат на едни вакви промоции кои ги организираме и се многу задоволни, потенцира Костадиновска.
Според неа, роднокрајните автори таму ја добиваат најголемата поддршка за своите дела, а пехчевци со нетрпение ја очекуваат секоја промоција.
Драгица Лазаревска, авторка која живее и твори во родното Пехчево, изјави дека библиотеката е едно катче кое редовно го посетува.
- Овде можеме да се најдеме, да си позборуваме и да си најдаеме сродна душа, да напишеме песни за нив. Сега ја подготвуваме промоцијата на моето ново дело и верувајте, самата промоција ја оставам во рацете на вработените во оваа библиотека кои знаат како да ја организираат, вели Лазаревска.
Директорката на библиотеката „Мирче Ацев“, Јасмина Цековска истакна дека досега се зачленети 300 читатели.
- Во нашата библиотека секогаш се трудиме да ги набавиме и најновите дела кои и се најбарани од читателите. Не смееме да ги разочараме. Како најчитани се авторите Исидора Бјелица, Јелена Бачиќ- Алимпиќ , трилогијата Милениум и многу други, рече Цековска.
Стартот на годинава библиотеката го почна со промоција на две книги „Ања“ и „Срце“ од авторката Оливера Ширговска, а за празникот на виното и љубовта било организирано поетско читање. За овој месец веќе се најавено две промоции на книги во Пехчево.
Ново на Сител
-
Костадиновски - Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд
-
„Сител со својата прослава изврши идентификација на духот на македонскиот народ“, реакција на проф. д-р Јованка Кепеска
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
TикТок поднесе жалба до Врховниот суд на САД за да избегне забрана во земјата
-
Груби ќе се врати во Македонија само ако оди во куќен притвор наместо затворски
-
На четворица од осомничените за „Лотарија“ одземени пасошите, за Груби и Бајрами ќе се одлучува дали ќе има притвор
-
Хрватска ДИК: Се постари се пријавуваат за кандидати за претседател на државата
-
Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор