-->
-->
Пехчево се подготвува за поетско-сатирична вечер
-->
Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево ги прави последните подготовки за промоција на книгата „Трагачи по парадокси” од делчевскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски.
Како што информира директорката на Домот, Ана Марија Теохарова, на настанот ќе бидат претставени карикатурата, афоризмот и поезијата.
-Во рамки на настанот кој ќе се одржи на 24 јануари ќе биде промовирана книгата афоризми „Трагачи по парадокси“ од авторот Миле Ѓорѓијоски. Во специјалниот Сатирикон свои афоризми ќе читатат афористичарите Миле Ѓорѓијоски, Ленче Стоименова и Јане Атанасов. Како дел од поетскиот хепенинг со своја поезија ќе се претстават поетесите Габриела Костадинова и Христина Деолска, информира Теохарова.
Книгата „Трагачи по парадокси“ е книга која на 300 страници донесува над 2.000 афоризми од 28 афористичари од Европа.
-Оваа книга досега ја имаме промовирано во Виница, на фестивалот „Ин Виница Веритас“, во Белград на тамошниот Саем на книгата, во Кичево и во Темишвар, Романија. Пехчево е петтиот град во кој со посебно задоволство, в четврток, ќе го промовираме ова ретко дело од областа на сатирата, а моето задоволство е посебно зашто цел ни е во секој град во нашиот регион да имаме ваква промоција, вели сатиричарот Миле Ѓорѓијоски.
Во рамките на овој настан планирана е и ликовна изложба на карикатури кои беа составен дел од минатогодишниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола

