-->
-->
Пеџа продолжува во Србија
-->
Кошаркарскиот клуб Мега Лекс на својата интернет страница објави дека клубот потпишал краткорочен договор со македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски. Договорот значи дека македонскиот репрезентативец ќе може да си замине од клубот доколку добие некоја подобра понуда.
Самарџиски (214 сантиметри) на тренинзите на својот нов клуб ќе се приклучи кога Мега Лекс ќе се врати од подготовките во Швајцарија, каде ќе одигра две контролни средби.
Центарот минатата сезона настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром и во АБА лигата имаше учинок од 10,9 скока и 8,6 скока по нтапревар. Во богата интернационална кариера Самарџиски има настапувано за Партизан, ФМП Железник, Олин, Лијетувос Ритас, Црвена ѕвезда, Мерсин, Анкара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација