Педесет и осум членки на ОН бараат итен прекин на војната во Украина

По седницата на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа, по повод шест месеци од почетокот на војната во Украина и Денот на независноста на таа земја, 58 земји усвоија заедничка изјава во која бараат итен прекин на воените дејствија „иницирани од руската инвазија врз Русија“.
Текстот на документот во седиштето на ОН во Њујорк го прочита постојаниот претставник на Украина во ОН Серхиј Кислица.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди за време на седницата на Советот за безбедност дека е „прогласена тревога“ и повтори дека е многу загрижен за воените активности во областа на нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина.
„Секоја дополнителна ескалација може да доведе до самоуништување. Неопходно е да се обезбеди електрана што треба да се организира како цивилна инфраструктура“, рече Гутереш.
Зборувајќи за влијанието врз цените на храната и горивото, тој изјави дека последиците од „бесмислената војна“ се чувствуваат многу подалеку од Украина.
„Ако не го стабилизираме пазарот на ѓубрива во 2022 година, едноставно нема да има доволно храна во 2023 година“, предупреди генералниот секретар.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето преку видео врска ги информираше учесниците на седницата за ракетниот напад на Русија врз железничката станица во областа Днепропетровск во Украина. Тој ги повика сојузниците на Украина да „помогнат да се стави крај на руската агресија“, нагласувајќи дека Русија треба да одговара за своите постапки и страдањата што ги предизвикала.
Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензња се спротивстави на обраќањето на украинскиот претседател Зеленски.
Ново на Сител
-

Инфлација под 3%, цените во маркетите под инспекциска лупа
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
