-->
-->
Печурка тешка над еден килограм пронајдена во Делчевско
-->
Во делчевскиот регион пронајдена печурка со тежина од над еден килограм и периметар од близу половина метар, што ја прави една од поголемите пронајдени на ова подрачје годинава. Младиот Бојан Ѓорѓиевски е среќникот кој печурката од сортата ,,вргањ”, ја пронашол во атарот на делчевското село Бигла и ова му е првпат да пронајде толку голема печурка.
-Печурката ја пронајдов во атарот на село Бигла, маало Павлевци. Прво мислев дека е нешто друго, но кога се приближив испадна голема печурка. Капата на печурката беше со поголем обем, така што ми требаше поголем напор да ја извадам за да не биде оштетена. Печурката потоа ја оставив за сушење, за да биде продадена по поголема цена, вели Ѓорѓиевски.

Сезоната на печурки е во тек и во наредниот период, како што додава тој, се очекува уште поголем наплив на печурките.
-Јас сум трета година гимназија и уште од мал научив да ги познавам печурките. Тие секогаш никнуваат по дожд, а бидејки изминатата недела речиси секојдневно имаше врнежи, во наредниот период се очекува да има доста печурки. Најчесто собирам ,,вргањ” поради повисоката цена, а се случува да најдам и лисичарка и јајчарка кои се доста застапени во нашиот крај, додава Ѓорѓиевски.
Поради големиот наплив на печурки, се очекува пад на цената на ,,вргањот” кој се движи од 150 до 200 денари за килограм. Доколку има нови врнежи според откупувачите ова ќе биде година со најголем принос на печурки во Делчевско.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
