Пецас: Се фокусираме на веројатните увезени случаи на Ковид-19 од странство и на можните локални жаришта

Со официјалниот почеток на туристичката сезона, Грција се фокусира на можните увезени случаи на Ковид-19, но и на веројатните локални жаришта, објасни портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Паралелно, тој рече дека утре напладне од Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција ќе бидат соопштени деталите во пресрет на сезоната и отворањето на земјата за туристи на 15 јуни.
-Сега сме фокусирани, прво на веројатноста да има увезени случи од моментот кога земјата ќе ги отвори нејзините порти за туризмот, а второ на можните локални жаришта. Без разлика дали се однесуваат на регион, наслеба, остров, периферија или се однесуваат на една структура, училиште или било што друго. Ги прошируваме секаде контролите и се подготвуваме за сѐ, истакна портпаролот на грчката Влада.
Пецас рече дека еден месец по укинувањето на карантинот, епидемиолошката слика на земјата останува добра, а според последните податоци, како што објасни, факторот на репродукција Р0 е понизок од степенот на кој бил кога беше одлучено да се укине карантинот.
Сепак истакна дека граѓаните не треба да се опуштат, бидејќи ако се опуштат „може да го платат тоа“.
Ново на Сител
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
