Пецаков: Поради градежните активности на влезот на Охрид, туризмот губи многу
Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид во своето гостување во Студио 10 зборуваше за темата која беше викендот актуелна поврзана со Охрид, а тоа беше блокада на влезот на Охрид која се случи поради градежни активности.
Имено Пецаков во врска со ова посочи дека со започнувањето на овие градежни активности сега пред почетокот на туристичката сезона, се губи многу во туризмот.
-Со огледа на тоа што покрај мене оние кои го потпишаа тоа барање, а од друга страна оние кои што имаа доста погласни реакции од мојата со посочување на пластични примери околу затварањето на градот, а и реални примери што се соочиле во овие неколку дена, би рекол дека туризмот губи многу. Сето тоа можеа да го завршат и претходно, но се одлучија сега. Зошто и како, тоа прашање ќе мора да го поставите и вие како новинари, да дадат логичен одговор зошто сега, која е разликата што посебно ова не се последни километри од изградба на автопатот, туку ова е едно од спорните точки од околу 30 или 40 кои сеуште не се завршени на автопатот, рече Пецаков.
Градоначалникот Пецаков порача дека културно, со разбирање ќе побараат овие градежни активности на влезот на Охрид да не се одвиваат сега пред почетокот на туристичката сезона.
-Наше е да се избориме, повторно со замолница, со културно, со разбирање, едноставно мораме да имаме разбирање за ова. Најбитната работа е не дека како на Кирил како градоначалник му текнало, за ова имавме реакции од луѓе засегнати директно кои што ги гледале, дополнително Брзата помош, пристапноста до Центарот за трауматологија до Центарот за кардиоваскуларни заболувања, вели Пецаков.
На крај Пецаков заклучи:
-Јас не знам какви сеуште предизвици не чекаат пред нас во овие следни 30-40 дена, доколку го испочитуваат рокот, а притоа не са отвори главниот влез во Охрид.
Ново на Сител
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
