“Пчелите не познаваат граници”- манифестација во Ранковце
За време на одржување на народниот собир по повод празникот Макавеј, денеска во селото Герман во Општина Ранковце, ќе се одржи презентација на еколошки чист мед и производи од мед.
Настанот ќе започне на пладне, како дел од манифестацијата „Пчелите не познаваат граници”, што Општина Ранковце ја организира со поддршка од Постојаната работна група за регионален рурален развој на Југоисточна Европа (СВГ) и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), во рамки на проектот Седра.
– Ранковце е дел од регионот „Пчиња-Краиште” и има одлична клима и поднебје за пчеларење, за производство на еколошки чист мед, што беше повод да востанови е манифестација која ќе биде посветена на оваа тема, ќе го промовира и унапреди пчеларството од овој регион и ќе овозможи брендирање и пласман на поголемите пазари на медот и пчелните производи од овој крај, изјави градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.
Покрај денешната презентација на мед во рамки на проектот вчера се одржа и состанок на здруженијата на пчелари од регионот Пчиња- Краиште.
– Со Ранковце имаме одлична долгогодишна соработка, а тоа беше повод да се направи и поширока регионална манифестација. На одржаната средба присуствуваа здруженијата на пчелари од Србија, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Ранковце, а покрај размена на информации и искуства, се дискутираше за идеите за брендирање на медот и пчелните продукти од овој регион. Се надеваме дека овој настан ќе биде почеток на успешна приказна за развој на пчеларството во регионот, изјави Предраг Марковиќ, регионален менаџер на регионот „Пчиња- Краиште“.
Модератор на настанот е Стојанче Величковски, кој воедно е и креатор на визуелниот идентитет на проектот „Пчелите не познаваат граници”. Се очекува манифестацијата да продуцира идна успешна соработка и партнерства меѓу здруженијата.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово