Пчелари од Малта во посета на дебарскиот регион

Група пчелари од Малта денеска престојуваа во Дебар, како гости на дебарските пчелари.
Тие го посетија пчеларникот на познатиот дебарски пчелар Блаже Петревски, кој поседува и соодветен сертификат за еко производство.
Според Петревски, гостите од Малта биле многу задоволни од квалитетот на медот и не ја отфрлаат можноста дебарскиот мед да се најде во трговската мрежа во Малта.
- Заедно со другите пчелари ги запознавме со активностите на пчеларските друштва, локациите каде најчесто ги поставуваме пчелните сандаци, производството и секако заштитата на здравјето на пчелите, како и влијанието на временските услови врз самото поризводство, изјави Петревски, кој со пчеларство се занимава речиси пет децении.
Пчеларникот на Петревски има 170 пчелни сандаци и по неколкугодишното слабо производство, што беше забележано кај сите пчелари од регионот, поради неповолните временски услови, годинава ќе биде една од поуспешните години.
Во општините Дебар и Центар Жупа со пчеларство се занимаваат над стотина пчелари кои во просек годишно, доколку тоа го дозволуваат временските услови на пазарот пласираат по 15 тони квалитетн мед.
Десетчлената делегација пчелари од Малта, претходно ги посетила и пчеларите во Гостивар, а ќе биде гостин и на пчеларите во Охрид.
Ново на Сител
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
