Павловска Данева: Оставката на министер до Собранието оди преку Премиерот
Професорката по управно право Ана Павловска Данева излезе со став дека оставката на министер до Собранието оди преку Премиерот и дека крајната одлука но и одговорност е секогаш кај Премиерот.
„Уставот е јасен, а и досегашна политичка пракса во Македонија немала разидување: член на Влада има право да поднесе оставка, а понатаму Претседателот на Владата може да му предложи на Собранието разрешување на член на Владата (чл.94).
За разлика од ова, кога станува збор за оставка на пратеник, Уставот користи друга терминологија: "Пратеникот оставка поднесува лично на седница на Собранието" (чл.65ст.1). Ваква обврска нема за министрите, бидејќи тие логично поднесуваат оставка до Премиерот - истиот кој ги предложил пред Собранието за министри, сега по обратен редослед ги предлага за разрешување.
Уште повеќе, правниците на опозицијата доволно било да го прочитаат Деловникот на Собранието: оставка на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку Претседателот на Владата."(чл.219 ст.3).
Не знам зошто околу ова прашање воопшто се дига прашина, ни прв, а се надевам, ниту последен министер што си поднел оставка. Во овој случај единствено формулацијата беше малку чудна: "понудена писмена оставка", наместо "поднесена неотповиклива оставка".
Крајната политичка одлука, но и одговорност секогаш е кај Премиерот - ќе поднесе или не, предлог за разрешување на министерот за здравство пред Собранието“ вели Павловска Данева.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ