Павлопулос: Промени во Уставот за решение на името и интеграција во НАТО и ЕУ

Името може да се реши само кога нема да зрачи иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен на меѓународното право и на европското законодавство, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и уште еднаш го повторува неговиот став за Македонија, дека потребни се уставни промени, како што вели, отстранување на иредентистичките позиции, а потоа решение на проблемот и евро-атлантска интеграција.
- За да постои решение на прашањето за името, оваа земја, која за жал во нејзиниот Устав има поставено прашања поврзани со името и други иредентистички прашања, треба да ги донесе сите промени во правниот поредок, особено во Уставот, за да може да се најде решение на името, без иредентизам и да оди кон процесот за интеграција во НАТО и ЕУ. Ги чекаме овие промени, кои, го потенцирам тоа, се предуслов за да постои каква било перспектива за интеграција во НАТО и Европската унија, рече Павлополулос на почетокот на средбата со претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили.
Грчкиот претседател, во воведниот дијалог на средбата со неговиот грузиски колега, говореше за т.н. национални прашања и упати пораки до Македонија, Турција, и Албанија.
Ново на Сител
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
