Павлопулос: Грција со задоволство ќе го прими Путин

Грција со задоволство ќе го пречека рускиот претседател Владимир Путин во Атина, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во интервју за ТАСС.
Говорејќи за односите меѓу Атина и Москва, Павлопулос истакна дека Русија и Грција соработуваат во повеќе сфери.
- Во некои од нив имаме активна соработка, а некои би можеле да се развиваат, нагласи грчкиот претседател.
Меѓу сферите на соработка тој на прво место ја посочи економијата и посебно соработката во сферата на земјоделството, а исто така и истражувањата, технологијата, науката и образованието.
Грчкиот претседател ја посочи и соработката во сферата на туризмот и нагласи дека благодарение на туризмот уште повеќе се зацврстува врската меѓу народите на двете земји.
Павлопулос ја спомена и енергетската соработка и додаде дека во таа област двете страни можат да постигнат многу.
Во рамки на годината на Грција во Русија и годината на Русија во Грција Павлопулос како најважни ги истакна настаните, со кои се покажува „заедничката култура на двете земји“. - Тука пред се мислам на нашите култури во заедничката религија, православието, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
