Павлопулос: Грција ќе ги исполни сите свои обврски во миграцискиот проблем
Грција во целост ќе ги исполни сите свои обврски поврзани со миграциското прашање, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој во Атина се сретна со францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казневв, јави грчката агенција АНА.
- Грција во целост ќе ги исполни своите обврски за прашањето на миграцијата, во духот на европската култура и со почитување на нормите на хуманноста и демократијата, изјави Павлопулос, забележувајќи дека и нејзините европски партнери и Турција треба да ги исполнат своите обврски.
„Ги замолувам нашите партнери да покажат солидарност и хуманизам, според кои треба да се водиме во решавањето на оваа криза. За жал, има партнери, кај кои миграциската криза раѓа фобии, што се неспоиви со концепцијата за единствена Европа“, изјави грчкиот претседател.
- Треба да се бориме со корените на злото, а тоа е војната во Сирија, додаде тој.
Францускиот министер за внатрешни работи изјави дека Грција забележала напредок во процесот на регистрација и идентификација на бегалците и ги призна тешкотиите со кои земјата се судрува во надминување на миграциската криза.
Казнев додаде дека Франција на Грција ќе и ја даде неопходната помош за откривање на фалсификуваните пасоши, што, според него, ќе помогне во надминувањето на терористичките закани.
Ново на Сител
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон