Македонија
26. October 2015 - 15:02

Павлопулос: Грчкиот карактер на Македонија е очигледен

Да живее Солун, вечниот главен град на Македонија, со овие зборови грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска во Солун го честита Свети Димитриј Солунски, кој воедно е празник на градот.

По свечената литургија во црквата Свети Димитриј, Павлопулос даде изјава за медиумите во која не пропушти да повтори дека „Македонија е грчка“.

Според него, „денес, повеќе од било кога, се важни две лекции за хеленизмот“.

- На прво место е лекцијата од очигледниот, и следствено на тоа имплицитен грчки карактер на Македонија, изјави Павлопулос додавајќи дека Свети Димитриј „со текот не времето го штител токму тоа, особено против Словените уште во 6 век“, а кулминацијата на оваа заштита, според грчкиот претседател, било ослободувањето на Солун за време на Балканските војни 1912-1913 година.