-->
-->
Павел: Ги поддржуваме евроатлантските аспирации на земјите од Западен Балкан
-->
Безбедноста на Западниот Балкан и служи на цела Европа, па поради тоа толку вложивме во безбедноста и стабилноста на тој регион, изјави началникот на Военот комитет на НАТО, Петер Павел, во интервјуто за „Дојче Веле“.
- Целта ни е да го одржиме своето присуство, фокусот и посветеноста во Западен Балкан, се додека е потребна нашата помош, а ги поддржуваме евроатлантските аспирации на земјите од тој регион. Безбедносното опкружување значително се промени во последните две години. Зајакнувањето на источното крило со присуството на мултинационални борбени групи, зголеменото присуство во црноморскиот регион и коориднацијата со другите организации, јасно укажува на тоа дека нападот врз некој сојузник ќе го надмине целиот сојуз како целина, нагласи Павел.
Претседателот на Воениот комитет наведе дека на стабилноста и мирот во Западен Балкан му се закануваат повеќе предизвици, како што се Русија и тероризмот.
На прашањето со каква стратегија НАТО планира да го неутрализира влијанието на Русија во регионот тој одговори: Секое надворешно мешање, дали преку кибернапади, пропаганди или поттикнување на немири, е спротивно од принципите на добрите меѓународно односи. Ќе ги поттикнеме Владите да ја зголемата својата отпорност кон таквото мешање и да ги обезбедат нивните демократски институции да останат силни, да се борат против корупцијата, како и да ги модернизираат и спроведат неоходните реформи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР