Пауновски не ги прима рамковно вработените, Заев бара да се почитува законот
Да не се води војна преку медиумите. Директорот на Пазарен инспекторат да ги вработи рамковните. Премиерот Заев со порака до Пауновски - да не се спротивставува, туку да ги спроведе владините одлуки. Изјавата следи откако директорот на пазарен изјави дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 лица, освен за 12 кои имаат соодветно образование, и во случај да биде сменет.
Пауновски за Сител вели нема да попушти. Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска,а не теренска - нема да ги вработи. Администрацијата, според него треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување. Сепак, официјална изјава најави за утре, откако ќе слушне што му порачал премиерот. Инаку, од 1,300 административци кои со години седеа дома и земаа плата, до сега прераспределени по државните и јавни институции се 750 лица. Се бара место за уште 350. Прием чекаат и над 90 лица во Управата за јавни приходи.
Вицепремиерот Груби, кој раководи со Министерството за политички систем крајот на минатата година предложи план за прераспределба на рамковно вработените. Оние кои нема да ја прифатат работата, ќе добијат втора шанса, во друга институција. Ако и таа ја одбијат, трајно ќе го изгубат правото за вработување во државниот сектор.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар