Патуваат по светот и заработуваат фотографирајќи

За многумина идејата за неодење на работа и патување по светот е само сон, но за една британска двојка таа идеја стана реалност.
Откако лани се запознале на Фиџи, Џек Морис и Лорен Булен решиле да почнат да патуваат со „полно работно време“.
Од тогаш тие станаа една од најпопуларните двојки на Инстраграм, кои заработуваат патувајќи низ светот. Тие досега минале низ 45 земји.
Морис и Булен се ангажирани од повеќе туристички организации, хотели, ресторани, но и голем број брендови, со задача нивните производи или понуди да ги престават со атрактивни фотографии.
Најголема заработувачка од 7.000 фунти (8.000 евра) Џек имал од една фотографија, додека Лорен за најскапата платена објава добила илјада фунти помалку.
Пред да почне да заработува преку Инстаграм, Џек (26) работел во сервис за теписи, а сега за живот заработува со промоции.
- Јас работев секој ден од 9 до 17 часот и не ја сакав својата работа. Знаев дека треба нешто да сменам, затоа што врв ми беше опивање за викендот. Заштедив околу 3.000 фунти и одлучив да тргнам на пат, изјави Џек.
За сите оние кои сакаат да заработуваат по пат на Инстаграм тој порачува дека најважно е добро да се забавуваат и да ја следат својата страст.
- Ако го сакате тоа што го работите, поголеми се шансите да успеете, додава Џек.
Фотографиите најчесто ги прават еден час по изгревањето на Сонцето, затоа што тогаш локациите на кои работат најчесто се празни. Џек додадаве да се одбегнуваат користењето на филтери.
Моментно Џек и Лорен се наоѓаат на Бали.
Ново на Сител
-

Жена почина во Сараево откако дрво падна врз неа поради насобран снег
-

Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици
-

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Бадникови поворки 2026 во рекордни 80 градови – централна манифестација во Скопје
-

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено
-

Илјадници жители на Берлин се уште се без струја и греење
-

Изминатиот викенд приведени 13 лица за безобѕирно управување на возило, 1.402 сообраќајни прекршоци
-

Идентификувани сите 40 жртви од пожарот во барот во Кран Монтана
